Малопродажните цени на бензините од вторник поевтинуваат за половина денар, а за исто толку поскапуваат дизелот и екстралесното масло за домаќинство. Вака одлучи во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати. Согласно одлуката, литар еуросупер-БС 95 ќе се продава по 78,5 денари, а цената на литар еуросупер -БС 98 ќе изнесува 80 денари. Новата цена на литар еуродизел изнесува 67 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 56 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,25 ден/кг, со што новата цена изнесува 40,425 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините од вторник поевтинуваат за половина денар, а за исто толку поскапуваат дизелот и екстралесното масло за домаќинство.
Вака одлучи во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика на редовната седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Согласно одлуката, литар еуросупер -БС 95 ќе се продава по 78,5 денари, а цената на литар еуросупер -БС 98 ќе изнесува 80 денари.
Новата цена на литар еуродизел изнесува 67 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 56 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,25 ден/кг, со што новата цена изнесува 40,425 ден/кг.